Шаќири: Пеналите се лотарија која за жал беше несреќна по нас

1 min read

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири е разочаран од елиминацијата од АИК Стокхолм по пенал рулетот, откако по 210 минути игра резултатот беше 2:2.

Двата натпревари, и тоа во Стокхолм и вечерва во Скопје завршија 1:1. Во исто време Шаќири е задоволен од прикажаната игра на неговите фудбалери.

– Горд сум на моите фудбалери кои покажаа дека знаеме да играме фудбал, да бидеме рамноправни со секого во Европа. Заслуживме да победиме и да одиме понатаму, но тоа е фудбалот. На крај и среќата не беше на наша страна. Пеналите се само лотарија, за жал, овој пат несреќна по нас. Сепак, мора да знаеме дека игравме против силна екипа како АИК. Добро знаеме на кое ниво е шведскиот фудбал, тие играат на стадион вреден 200 милиони евра, а гледате на каков терен играме ние. Но, сите овие европски натпревари ни даваат сила и мотив за понатаму. Градиме една Шкендија на долг рок, ќе има и нови засилувања и ќе има освежувања. Жал ми е за играчите кои навистина се разочарани. Хасани е крајно тажен по промашениот пенал, но животот продолжува мора да бидеме се посилни – изјави Шаќири.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РОДИТЕЛИТЕ ГО ЗАБОРАВИЛЕ ВО АВТОМОБИЛ: Почина тримесечно бебе во Вашингтон

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно време со пороен дожд и грмежи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian