Дијана Китон искрено за актерската легенда Ал Пачино: Никој не го сакаше во „Кум“

2 mins read

Американската актерка Дајана Китон изјавила дека на продуцентите не им се допаднала идејата Ал Пачино да биде дел од актерската екипа на „Кум“. Актерката открила дека нејзиниот колега не бил првиот избор за Мајкл Корлеоне во филмот на Френсис Форд Копола од 1972 година. Сепак, актерот ја доби улогата, а останатото е историја.

„Никој не го сакаше Ал Пачино. Тие не сакаа тој да ја игра улогата, а јас веќе бев дел од актерската екипа“, изјавила Китон за „Entertainment Tonight“.

Да потсетиме дека Дијана Китон во филмот ја играше Кеј Адамс Корелоне, учителка која се заљубува во ликот кој го игра Ал Пачино.

Сепак, актерот ја добил улогата

Актерката Дајан Китон тврди дека Ал Пачино не требало да го игра Мајкл Корлеоне во филмот „Кум“. Холивудската ѕвезда за време на едно интервју објасни и зошто.

 Се пријавив на аудиција за „Кум“, за кој никогаш ништо не сум прочитала и ништо не знаев, и само бев таму, стоев како и секоја друга жена. Не знаев зошто бев таму. И ме фрлија во таа улога! – изјавила Китон.

Таа наведува дека продуцентите на филмот не го сакале Ал Пачино за улогата, но на крајот тој ја добил.

„Никој не го сакаше Ал Пачино. Не сакаа тој да ја игра улогата, а мене веќе ми беше доделена… Па застанав и работевме заедно пред продуцентите и тие му ја дадоа работата. Дали верувате во тоа? Откако претходно беше на аудиција и не го сакаа“ – изјавила актерката.

Дијана Китон рече дека била присутна на втората аудиција на Пачино кога продуцентите решиле да му дадат кастингот.

„Можете ли да верувате во тоа? Откако тој веќе беше на првата аудиција и тие не го сакаа“, истакнала актерката препишувајќи си ја заслугата што Ал е дел од овој филм.

Ал Пачино доби номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога за неговата улога.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шкендија игра за пласман во плеј-офот за Лигата на конференции

Следно

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian