Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

4 mins read

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници во земјава. Станува збор за пациентот од Кичево за кој од Комисијата за заразни болести очекуваат до крајот на неделата ќе има резултат од тоа тестирање ако се организира во меѓувреме.

-Откако го напуштил Инфективното одделение во Кичево, со него не е разговарано само со членовите на фамилијата. Тој не се пријавил на Инфективна клиника за тамошно тестирање. Има воспоставена комуникација со него и преку матичната лекарка. Епидемиолог од Битола бил два пати кај него да го убеди да се тестира, за да може побрзо да се реагира и во однос на контактите и натамошните мерки. Побрзо добивање на резултаот можеби ќе го ослобид од сомнението ако е негативен, а ако е позитивен побрзо ќе не доведе до контактите кои евентуално се загрозени. Ќе се повикам на личната одговорност.  Немаме законска можност да го присилиме да се тестира. Тоа за оваа болест не се прави. Ова не е болест за која следи задолжителна изолација. Се надеваме ќе проработи совеста кај ова лице, имаме некој начелен договор, рече д-р Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Д-р Злате Мехмедовиќ истакна дека на вонредниот состанок на Комисијата за заразни болести предложиле лицето да биде ставено под здравствен надзор за да може да постапат институциите, министерстовото за здравство, инспекторатот, па дури и асистенција од полицијата и случајот да се заврши побрзо.

-Ова е едно практично решение за секој иден случај каде нема соработка со суспектниот. Очекуваме во текот на наредните денови, можеби во текот на утрешниот ден, согласно тоа постапување да имаме веќе разрешница на овој случај, рече д-р Мехмедовиќ.

Вториот суспектен пациент, мигрантот повреден во сообраќајна несреќа, кој е веќе хоспитализиран на Инфективната клиника, има негативен тест на  мајмунски сипаници.

-За пренесување на мајмунски сипаници се потребен близок контакт на мал простор. Мерките кои беа преземани пред тестирањето во однос на другите сопатници од камионот, сега по негативниот тест на мигрантот се прекинуваат, рече докторот.

Д-р Петличковски напомена дека кај пациенти заболени од мајмунски сипаници нема препораки за самоизолација и тие се заразни кога ќе им почнат симптомите, како што се покачена температура, болни лимфни јазли, лимфоденопатија, осип, и кај нив е најзаразни секрететот од кожните промени, па затоа кога ќе одат на лекар треба да им бидат покриени фустулите за да се намали можноста за зараза.

Според патеката лицата кои имаат симптоми треба да се јават кај матичниот лекар, ако тој се посомнева на мајмунски сипаници може да го препрати на Инфективна клиника каде ќе биде префрлен со соодветна заштитна опрема и со Брза помош.  Во земјава се набавени околу 3.300 тестови за мајмунски сипаници кои се во Институтот за јавно здравје, па нема простор за паника.

-Ова не е нов ковид, апсолутно нема место за паника, не станува збор за болест која лесно се пренесува, не очекуваме никаков драматичен развој и сериозно ширење на оваа нова болест, дециден е д-р Петличковски.

Од претпазливост сепак Комисијата за заразни болести досега одржала два состаноци поврзани со сомнителните случаи и испратени се препораки во случај да се појават нови суспектни на оваа болест како и мерките кои во светот веќе се етаблирани за справување со сомнителните случаи, за справување со потенцијалните позитивни случаи и изградена е една патека која би се практикувала за овој и за следните случаи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дијана Китон искрено за актерската легенда Ал Пачино: Никој не го сакаше во „Кум“

Следно

Русија ги обвинува ЕУ, Полска, Украина и санкциите за намалената испорака на гас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian