Започна судењето на фудбалерот на Сити обвинет за 10 силувања

1 min read

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенжаман Менди, денеска се појави во Кралскиот суд во Честер, каде започна неговото судење во кое е обвинет за дури 10 сексуални злосторства.

Левиот бек на „граѓаните“ е обвинет за осум силувања, еден обид за силување и за еден сексуален напад, а сите наводни инциденти се случиле во неговиот дом во Манчестер во периодот октомври 2018 и август 2021 година.

На Менди му е одземен пасошот и му беше одреден домашен притвор, а сега во судот во Честер го очекува судскиот процес.

Бенжаман Менди се изјасни за невин по сите обвиненија.

Тој последниот натпревар за Манчестер Сити го одигра пред речиси една година, кога „граѓаните“ беа поразени од Тотенхем во Премиер лигата со1:0.

Манчестер Сити го доведе Менди од Монако во 2017 година за 57,5 ​​милиони евра во тогаш најголемиот трансфер на дефанзивец.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовски: Во Скопје сум, да не ме мислат од СДСМ, сликата е од поодамна, бев со сопругата и син ми на гости кај блиски роднини од потесно семејство на сопругата

Следно

Годинашната суша во Европа најлоша во изминатите 500 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian