Тешка сообраќајка вечерва кај Гевгелија, повредени се 29 лица

1 min read

Сообраќајка се случила вечерва на патот Удово-Гевгелија, според првичните информации на МИА, повредени се мигранти.

-Добивме повик за повредени поголем број на мигранти, 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, околу педесетина биле, такви ни се првичните информации, рекоа од Брза помош Кавадарци.

Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените, исто како и неготинската. Тоа за МИА го потврдија од двете служби на брза помош. Кавадаречката служба испратила едно болничко возило.

Цела екипа со санитетско возило биле  испратени и од Брза помош Неготино, а службата била на готовс и ако треба дополнително да интервенира.

Од МВР потврдија за МИА дека вечерва во 18:10 пријавено било  дека товарно возило излетало од патот  на клучка од с.Марвинци кон М1, рег.пат Гевгелија – Д.Капија.

-Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени  мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е првично. Утре ќе има официјално, велат од МВР.

skopjeinfo.mk

Претходно

Два хороскопски знаци ги чекаат вртоглави промени во август! Некои ќе запознаат нова љубов, а некои ќе останат со скршено срце

Следно

Реал по петти пат триумфира во Суперкупот на УЕФА, Бензема стана втор стрелец во историјата на „кралевите“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian