Тенисот му го промени животот на Мајк Тајсон, обожува да го гледа Новак

1 min read

Легендарниот боксер Мајк Тајсон е голем фан на тенисот, а омилен играч му е Новак Ѓоковиќ.

Ќерката на Тајсон, Милан игра тенис, а поранешниот боксер открива дека овој спорт му го променил животот.

– Тенисот ми ги прошири хоризонтите, благодарен сум што преку овој спорт запознав многу луѓе и тоа дефинитивно ни ги промени животите. Сè се промени кај нас благодарение на тенисот. Се што правевме порано беше да трчаме по парите, но тоа не е поважно од фактот дека ќерка ми игра тенис. Таа ми е поважна од сè во животот – изјави Тајсон.

Ледгендарниот боксер и поранешен шампион во тешка категорија откри дека тенисот му е омилен спорт, а импресиониран е од Новак Ѓоковиќ.

– Новак Ѓоковиќ ми е омилен тенисер. Навистина сакам да го гледам како игра. Ми се допаѓа поради начинот на кој се врати од повредите и поради начинот на кој победуваше тенисери како Надал и Федерер,. Тоа е неверојатно, Новак е вистински борец – вели Тајсон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Комисијата за заразни болести со важно соопштение за мајмунските сипаници во Македонија

Следно

Два хороскопски знаци ги чекаат вртоглави промени во август! Некои ќе запознаат нова љубов, а некои ќе останат со скршено срце

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian