Реал по петти пат триумфира во Суперкупот на УЕФА, Бензема стана втор стрелец во историјата на „кралевите“

1 min read

Фудбалерите на европскиот шампион Реал Мадрид триумфираа во Суперкупот на УЕФА откако во Хелсинки со 2:0 го совладаа победникот во Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт.

Тренерот Карло Анчелоти на теренот на Националниот стадион во Хелсинки истрча со идентичниот тим кој го победи Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите, додека Ајнтрахт играше без еден од своите најдобри играчи, Филип Костиќ кој замина за Торино на потпишување на договор со Јувентус.

Голоците на Реал Мадрид ги постигнаа Давид Алаба во 37 минута и Карим Бензема во 65 минута.

Со голот во второто полувреме, Бензема испиша историја на „кралскиот клуб“, дојде до 324 гол во дресот на Реал Мадрид со што го престигна легендарниот Раул на листата на најдобри стрелци во историјата. На првото место се наоѓа Кристијано Роналдо кој има постигнато дури 126 гола од Бензема во дресот на Реал Мадрид.

Триумфот во Хелсинки го запиша и тренерот Карло Анчелоти во книгата на рекорди. Италијанецот по четврти пат триумфира во Суперкупот на УЕФА и го остави Пеп Гвардиола на три триумфи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тешка сообраќајка вечерва кај Гевгелија, повредени се 29 лица

Следно

ВИДЕО | Запознајте го кучето Клифорд: Инстаграм ѕвезда со над 700.000 следбеници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian