Намалена невработеноста во Грција

1 min read

За 0,4 отсто во споредба со мај годинава и за 2,9 проценти во споредба со јуни 2021 година, се намалила невработеноста во Грција, која за месец јуни изнесува 12,1 отсто, согласно официјалните податоци од Грчката служба за статистика, а според надлежниот министер веќе е на нивото од 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Невработени се 572.109 лица, за 120.976 помалку од јуни 2021 година, а највисока е невработеноста кај младите на возраст од 15 до 24 години и изнесува 27,4 отсто, наспроти 11,3 проценти кај оние меѓу 25 и 74 години.

Кај жените, невработени се 15,9 отсто, а кај мажите девет проценти.

Министерот за труд и социјални прашања на Грција Костис Хаѕидакис рече дека „значајното намалување на невработеноста, е практичен одговор на сите оние кои се обидуваат да ја сведат на нула работата на Владата”.

-Невработеноста падна на 12,1 отсто, односно над пет процентни поени во однос на она што го презедовме од СИРИЗА (17,3 проценти). Уште поважен е фактот што падна за три процентни поени во однос на јуни минатата година (15 отсто). Невработеноста кај младите исто така се намалува, додека вкупната невработеност се врати на нивото од 2010 година, рече Хаѕидакис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Премиерот на Јапонија ја реконструираше Владата за да ја дистанцира од т.н. Мунова секта

Следно

Арсовски: Во Скопје сум, да не ме мислат од СДСМ, сликата е од поодамна, бев со сопругата и син ми на гости кај блиски роднини од потесно семејство на сопругата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian