Зверев откри дека боледува од дијабетес

1 min read

Германскиот тенисер Александер Зверев соопшти дека боледува од дијабетес тип 1. Зверев открива дека болеста му е дијагностицирана кога имал само четири години.

– Како дете не размислував многу за тоа, но подоцна се повеќе и повеќе мислев на болеста. Сакам да покажам дека и со оваа болест можете да одите далеку, да постигнете многу – рече Зверев.

Германецот најави и дека планира да формира фондација која ќе се занимава со обезбедување на инсулин и други лекови за болните од дијабетес.

– Сега, по толку многу години, чувствувам дека имам доволно доверба да излезам во јавноста со оваа иницијатива – додаде Зверев.

Болеста дијабетес тип 1 најчесто се јавува кај помлади луѓе, практично нема инсулин во циркулацијата, а покачено е нивото на глукагон. Ова е поретка форма на дијабетес, се јавува кај 5 до 10 отсто од луѓето кои страдаат од оваа болест, а постои само еден начин на лекување – замена со инсулин.

Со откривањето дека боледува од дијабетес, Зверев ги симна од себе обвинувањата за случката за време на финалето на завршниот мастерс турнир во 2019 година кога беше обвинет дека го користел својот мобилен телефон за време на мечот. Всушност, тој користел апарат за одредување на концентрацијата на гликоза во крвта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Страотна сообраќајка во Бугарија: Романски автобус удри во автомобил, загинаа 4 лица

Следно

Дали е безбедно да се консумираат производи и откако ќе им „помине“ рокот?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian