Започнува битката за титулата во Првата лига, Шкупи и Шкендија главни фаворити

1 min read

Со натпреварот меѓу Струга Трим Лум и повратникот во прволигашка конкуренција, Победа, стартува новата сезона во Првата фудбалска лига (ПМФЛ).

Утре ќе се играат натпреварите Силекс – Работнички и Академија Пандев – Брегалница, додека средбите на Шкупи и Шкендија против Тиквеш и Скопје се одложени поради настапите на шампионот и на тетовските „црвено-црни“ во европските купови. Слободна во првото коло е екипата на Македонија ЃП.

Сезонава наместо 12, во ПМФЛ ќе учествуваат 11 екипи поради откажувањето на Ренова на десет дена пред стартот на сезоната, а улога на главни фаворити за титулата ја имаат актуелниот шампион Шкупи и поранешниот првак Шкендија.

Во претсезоната, со настапите во квалификациите за пласман во европските купови, токму овие две екипи покажаа највеќе, и имаат шанса да обезбедат и европска фудбалска есен.

Свои математики имаат и останите екипи во прв ред Македонија ЃП, Академија Пандев кои го завршија настапот во Европа како и Струга ТЛ, Брегалница, Работнички.

Нови прволигаши се екипите на Победа и на Силекс. Новата сезона во втората фудбалска лига ќе започне на 13 август.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новиот директор на ЗОО Скопје излезе со јавен демант, еве зошто

Следно

Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian