Викторија Бекам не ја поднесува сопругата на нејзиниот син Бруклин?

1 min read

Странските медиуми на големо пишуваат дека Викторија Бекам и нејзината снаа Никола Пелц не се обожаваат. „Page Six“ пишува дека Викторија не е задоволна од избоот на нејзиниот син Бекам, а додаваат и дека Никола не ѝ дозволила да се вклучи во планирањето на венчавката.

„Тие не се поднесуваат и не разговараат. Планирањето на венчавката се одвиваше во страшна атмосфера“, изјавил извор близок до семејството.

„Никола не сакаше нејзината идна свекрва да има никаква врска со планирањето на свадбата и не сакаше да ја вкучи во ништо. Комуникацијата беше минимална“, рекол истиот извор, додавајќи дека во последните месеци ниту Викторија ниту Дејвид Бекам не разговарале многу со нивниот син Бруклин.

Имено, како можна причина за несогласувањата се наведува тоа што Никола била љубоморна на вниманието кое Викторија секогаш го добивала и не сакала истото да се случи и на денот на нејзината венчавка.

Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа во април оваа година во Палм Бич, Флорида. Венчавката се одржа на семејниот имот на семејството Пелц, а за неа наводно била потрошена вртоглава сума на пари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Берлинското дерби за Унион, убедлив триумф на Фрајбург

Следно

Моќен старт на Тотенхем во новата сезона, Лидс со пресврт до победа над Вулверхемптон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian