ВИДЕО: Загинаа 11 лица, 25 се повредени во автобуска несреќа во Хрватска

1 min read

Најмалку 11 лица загинаа, а поголем број се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 5,40 часот на хрватскиот автопат А4 во правец кон Загреб, меѓу местата Јарек Бишашки и Подворец, кога автобус со полски национални таблички излетал од патот, јави Хина.

Десетици повредени се пренесени во болниците во Вараждин и Загреб.

-Засега знаеме дека загинале 11 лица, додека останатите повредени се пренесени во болниците во Загреб и Вараждин. Интервенцијата е завршена, а на теренот се уште се наоѓаат дежурни пожарникари, изјави командирот на противпожарната единица Жељко Наѓ, пренесе Вечерњи лист.

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Индекс. хр во несреќата тешко се повредени 25 лица.

Од полициската управа Вараждин кусо соопштија дека на местото на несреќата, покрај полициски службеници од полициската управа Вараждин и Загреб, биле ангажирани и неколку екипи на Брза помош и противпожарна помош од двете жупанија.

kurir.mk

Претходно

Три пожари во Куманово и околината

Следно

Стефковски: Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian