ВИДЕО: Ројс го реши дербито меѓу Борусија и Баер

1 min read

Дербито од првото коло во Бундеслигата му припадна на Борусија Дортмунд и тоа благодарение на капитенот Марко Ројс. „Милионерите“ на „Сигнал Идуна Парк  со 1:0 славеа над Баер Леверкузен.

Единствениот гол го постигна Ројс во 10. минута по одличната шанса на новиот напаѓач Карим Адејеми.

Баер Леверкузен имаше шанса преку Патрик Шик да дојде до израмнување, па дури и да направи пресврт, но голманот на Борусија, Кобел во 64. и 67. минута не дозволи Чехот да се запише во листата на стрелци.

Во првата ситуација, Кобел беше побрз за дел од секундата, а во втората успеа да му одбрани зицер на Шик.

До крајот на средбата, Баер остана со играч помалку поради црвениот картон на голманот Храдецки, па во последните неколку минути на голот на „фармацевтите“ беше дефанзивецот Тапсоба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МААЕ: Итно да се запрат воените операции кај нуклеарната централа во Запорожје

Следно

„Сè за витка фигура“: Шпанската кралица се откажала од пијалаците без кои многу луѓе не можат да живеат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian