Турција остро ги осуди нападите на Израел врз Појасот Газа

1 min read

Министерството за надворешни работи на Турција најостро ги осуди воздушните напади на Израел врз Појасот Газа, нагласувајќи ја потребата да се запрат нападите пред тие да прераснат во посериозни конфликти.

„Сметаме дека е неприфатливо убиството на цивили, вклучително и деца во напади. Ние сме длабоко загрижени поради зголемените тензии во регионот по нападот. Ја нагласуваме потребата да се прекинат нападите пред тие да се претворат во нова спирала на конфликти и затоа повикуваме на воздржаност и здрав разум“, се вели во соопштението, пренесува Анадолија.

Израелската армија синоќа соопшти гаѓала на одредени цели од движењето Исламски џихад во Појасот Газа.

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските воздушни напади загинале 13 лица, а 114 се ранети, но не е прецизирано колку цивили има меѓу жртвите.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Изгаснати два пожара во Македонска Каменица

Следно

Страотна сообраќајка во Бугарија: Романски автобус удри во автомобил, загинаа 4 лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian