Три пожари во Куманово и околината

1 min read

Кумановските пожарникари интервенирале на три пожари изминатово деноноќие, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Кумановските пожарникари гаселе и пожар кој избувнал во стан на улицата „Иво Лола Рибар” во близина на зелениот пазара. Пожарот избувнал во 16:40. Пожарникарите го гаселе до 17:30 часот со едно противпожарно возило и петмина пожарникари.

– Во пожарот нема повредни лица, информира РЦУК Куманово.

Пожарникарите гаселе пожар на запалено стрниште во село Романовце дваесетина минути по полноќ до 01:15 часот. Сува трева гасела и на улицата „Доне Божинов” од 13:55 до 15:00часот. На двете интервенции биле ангажирана по една противпожарна единица со едно противпожарно возило.

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се чувствувате исцрпено на почетокот на неделата? Магнезиумот и витаминот Б може да помогнат

Следно

ВИДЕО: Загинаа 11 лица, 25 се повредени во автобуска несреќа во Хрватска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian