Трамп ја изневерил Меланија со оваа убавица, Словенката дознала и веднаш го откачила

2 mins read

Судејќи според медиумските натписи бракот на Меланија и Доналд Трамп е многу турбулентен, но нивната врска била таква и пред венчавката која за малку ќе ја спречела неговата врска со убавата манекенка.

Жената која ги вмешала прстите во врската на Меланија и Доналд Трамп била манекенката Кара Јанг, со која поранешниот американски претседател се забавувал две години, пред да почне врска со поранешната словенечка манекенка. Или, подобро кажано, паралелно траеле неговите врски со двете познати убавици.

Колку биле бурни тие односи, доловено е во книгата на Роналд Кеслер „Белата куќа на Трамп: промена на правилата на играта“, објавена пред неколку години. Авторот навел дека Меланија во една прилика ја видела поранешната девојка на Трамп, Кара Јанг, како излегува од неговиот стан во „Кулата на Трамп“ и веднаш ја прекинала врската со него.

А, во „Кулата на Трамп“ се упатила со намера со него да отпатува не неговиот имот на Флорида, со неговиот приватен авион.

Доналд Трамп и Кара Јанг/Фото: Профимедиа

Кеслер во интервјуто за „ЈуЕс викли“ рекол дека Меланија не била многу загрижена за заминувањето од луксузниот стан или пристапот до Мар-а-Лаго, па веднаш наредила да  ѝ ја испратат облеката од имотот. Според неговите зборови, Трамп бил импресиониран од силниот карактер на Меланија, па раскинувањето не траело долго. По една недела повторно почнал да ѝ се додворува.

Меланија и Доналд Трамп се венчале во 2005 година, а во бракот го добија синот Барон, а аферата со Кара Јанг не била единствената која ги следела.

Доналд и Меланија Трамп/Фото: Профимедиа

Се пишувало дека поранешниот прв човек на Америка имал афера со порно-актерката Сторми Даниелс и со Карен Мекдугал модел на „Плејбој“. Јасно е, пишувањето за неговите наводни неверства никогаш не недостасувале, но дали долгогодишниот брак со заносната Меланија Трамп е најдобар доказ дека тие афери биле празни зборови?

Некои извори велат дека Трамп наводно планирал да се ожени со Јанг, но таа наводно ја одбила таа понуда бидејќи не сакала посериозен љубовен однос, а притоа грижата за синот од претходната врска го ставала на прво место на приоритетите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Челси е подготвен Фофана да го направи најскап дефанзивец во историјата

Следно

Анкета на ИПСОС покажува низок рејтинг на партиите, најголем дел од граѓаните неопределени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian