Тешка автобуска несреќа се случи на автопатот А4 во правец кон Загреб. Најмалку 11 лица загинаа, а најмалку 25 се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 5 часот и 40 минути на 62-от километар од автопатот А4 во правец кон Загреб помеѓу Јарек Бишашки и Подворец, кога автобус со полски регистрации излетал од патот.
Противпожарната служба заврши со интервенцијата, но на теренот се уште има дежурни пожарникари, изјави началникот на жупаниската пожарна Жељко Наѓ.
Што се однесува до повредените, Наѓ рече дека ги презела Брза помош, и дека не ја знае тежината на тие повреди. Повредените се пренесени во болниците во Загреб и Вараждин.