Стефковски: Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто

1 min read

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска информираше дека продолжуваат активностите поврзани со изградбата на новиот парк, на површина од 5000 метри квадратни, во Ченто.

Тој исто така ги извести жителите на Ченто, дека овој парк се гради со меѓуопштинска соработка помеѓу општината Гази Баба, Град Скопје и ЈП Паркови и Зеленило.

Паркот се наоѓа во непосредна близина на ООУ Крсте Мисирков во Ченто.

За оваа цел, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ претходно целосно го расчистија просторот, поставија нов систем за полевање, а во наредниот период е планирано да се формира и тревна површина. Новиот парк ќе биде збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво. 

Во моментов, екипите на ЈП „Улици и патишта“  се на терен и ги изведуваат пешачките и пристапните патеки во паркот. Предвидено е новиот парк да има една главна пешачка патека, во должина од 100 метри и широчина од 2,70 метри, или со вкупна површина од 350 квадратни метри. Дополнително, во новиот парк ќе се изградат и две помали пристапни патеки, кои ќе водат до новите видиковци, кои ќе бидат во должина од по 20 метри и со широчина од 1,50 метри. Покрај патеките на повеќе локации се планира и поставување на клупи и друг вид на урбана опрема. 

 

 

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО: Загинаа 11 лица, 25 се повредени во автобуска несреќа во Хрватска

Следно

Мета: Рама е шпион, го чека горчлив крај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian