Се чувствувате исцрпено на почетокот на неделата? Магнезиумот и витаминот Б може да помогнат

2 mins read

Кога го нарушуваме нашиот деноноќен циркадијален ритам (ритам на спиење и будење) со неправилниот распоред, тоа негативно влијае на нашето целокупно здравје, но според новото истражување објавено во списанието „Voprosy Pitaniia“, одредени хранливи материи можат да помогнат.

Освен ако не се придржувате до рутината и да одите на спиење и да се будите во исто време секој ден (дури и за време на викендите), големи се шансите дека во понеделник  наутро ќе доживеете „социјален џет-лаг“, пишува mindbodygreen.com.

Овој социјален џет лег се случува кога вашиот распоред за викенд значително се разликува од распоредот за работни денови, што доведува до нарушување во вашиот циркадијален ритам. За оваа студија, истражувачите сакале да знаат дали одредени витамини, минерали и други хранливи материи влијаат на способноста на телото да „закрепне“ кога се нарушени деноноќниот ритам и/или сонот.

Во нивната студија, истражувачите бараа поврзаност помеѓу факторите како што се спиењето, хранливите материи, циркадијалниот ритам и многу повеќе.

Врз основа на откритијата, не само што е важно да се грижите за вашата хигиена на спиење и циркадијален ритам, туку во тоа можат да ви помогнат и одредени хранливи материи. Имено, внесувањето на соодветни количини на магнезиум, витамин Б, полинезаситени масни киселини од омега-3 групата (како ЕПА и ДХА) и пробиотици, може да му помогнат на вашето тело поефикасно да се справи со социјалниот џет-лаг.

Како што наведуваат авторите на студијата во своето истражување, овие наоди се особено важни за оние кои се склони кон социјален џет-лег, без разлика дали се должи на нередовниот распоред за работа или начинот на живот.

Заедно со разновидна и хранлива исхрана, хигиена на спиењето, потребно е да се обезбеди насочена суплементација со магнезиум, фолати, полинезаситени масни киселини од семејството на омега-3 и пробиотски производи.

Иако сите можеме да дадеме сè од себе за да го избегнеме социјалниот џет-лег, понекогаш тоа мора да се случи. И во тој случај, ова истражување покажува дека обезбедувањето соодветни количини на важни хранливи материи, како што се магнезиум и пробиотици, може ни да помогне во одржувањето на хигиената на сонот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Барселона и Челси цело лето „војуваа“ за фудбалери, а сега подготвуваат спектакуларна размена

Следно

Три пожари во Куманово и околината

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian