СДСМ ја повика градоначалничката Арсовска: Дали директорот на Зоолошка е назначен законски

1 min read

СДСМ по јавно објавените информации во медиуми изрази сомневање дали новиот В.Д. директор на Зоолошка градина, Драган Илиевски е назначен согласно законите, откако неговиот претходник Кристијан Стаменов беше разрешен по разоткривањето на скандалот со колењето на коњи и други животни во кругот на скопската ЗОО градина.

-Дали за оваа позиција бил распишан јавен оглас и дали Илиевски доаѓа од редот на вработените на оваа установа? Кој биле критериумите што Илиевски ги испокнува за токму тој да биде назначен за вршител на должност директор на Зоолошката градина во Скопје?, прашуваат од СДСМ.

Владејачката партија смета дека Град Скопје и Данела Арсовска мора да дадат одговор на овие прашања, особено што оваа установа се најде во средиште на скандал со колење на животни на сопствениот имот.

СДСМ укажува дека за процесот на назначување треба да се вклучат и надлежните институции кои треба да проверат дали назначувањето на Илиевски е согласно законите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Протоколот ќе ги отвори Уставот и архивите, но и многу проблеми

Следно

Најмалку 11 лица загинаа, а 34 се повредени во автобуска несреќа во Хрватска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian