„Сè за витка фигура“: Шпанската кралица се откажала од пијалаците без кои многу луѓе не можат да живеат

2 mins read

Шпанската кралица Летиција привлекува внимание каде и да се појави. И покрај тоа што има 49 години, со години ја одржува нејзината витка фигура. Па, дали сте се запрашале каков режим на исхрана и вежбање практикува?

Шпанската кралица се откажа од пијалоците без кои многу луѓе не можат поради нејзината витка линија

Instagram
Instagram

Пред да се омажи за Филип Шести во 2004 година, Летиција беше новинарка. Таа често се појавуваше на телевизија, а денес изгледа речиси исто како тогаш. Иако често ја критикуваа поради килограмите, таа откри дека многу јаде.

„Немам никаков проблем. Јадам многу, ваква сум, имам таков тип на тело“, изјави во една прилика мајката на две деца.

Кралицата Летиција/Епа
Кралица Летиција / Фото: EPA-EFE/BALLESTEROS

Кралицата Летиција сепак внимава да јаде здрава храна, па затоа најчесто јаде риба, јајца, кељ и спанаќ. Таа се обидува да го следи медитеранскиот стил на исхрана, кој вклучува многу овошје и зеленчук, како и протеини и здрави масти. Многумина сметаат дека овој тип на исхрана е најздрав на светот.

Но, кралицата Летиција ја комбинира медитеранската исхрана со диетата Перикон, именувана по д-р Перикон, која се состои од храна богата со протеини, зеленчук без скроб, овошје, јаткасти плодови, јогурт, маслиново масло и житарки. Многу познати личности, меѓу кои и Гвинет Палтроу и Кејт Мос, наводно ја практикуваат оваа диета.

Кралицата Летиција и нејзината ќерка, принцезата Леонор / Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Покрај тоа, Летиција избегнува шеќер и никогаш не јаде готови оброци, замрзната храна или пица. Што се однесува до пијалаците, таа не консумира кафе, газирани пијалоци и алкохол. А токму ова е рецептот за успех бидејќи избегнувањето на алкохол може да биде ефикасен начин за слабеење имајќи предвид дека алкохолните пијалоци обично се калорични. Кралицата Летиција вежба секој втор ден и има големо познавање на јогата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ројс го реши дербито меѓу Борусија и Баер

Следно

Руската новинарка Дарија Асламова уапсена на Косово, ја обвинуваат за ТЕШКИ дела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian