Притвор за скопјанец кој физички ја нападнал својата поранешна девојка

1 min read

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга.

– По целосно документирање на случајот, на 05.08.2022, Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во консултација со Јавен обвинител, против В.Д. поднесе кривична пријава по итна постапка, а од судија за претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор, се вели во полицискиот билтен. 

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Има многу повредени: Во нафтен капацитет гори голем пожар, предизвикан од гром во Куба

Следно

На Клоп теренот му е виновен за ремито против Фулам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian