Џони Деп и Џеф Бек во новата песна користеле стихови што ги украле од поранешен осуденик?

2 mins read

Голем број на стихови од „Sad Motherfucking’ Parade“ се многу слични на оние од „Hobo Ben“ како што ги рецитирал извесниот Слим Вилсон. Британскиот гитарист Џеф Бек и американскиот актер Џони Деп наводно се послужиле со стиховите на поранешниот затвореник во „Sad Motherfuckin’ Parade“ без да признаат дека тој ги напишал, пишува „Rolling Stone“.

Голем број стихови од споменатата песна, за која Бек и Деп тврдат дека самите ја напишале, а која се наоѓа на нивниот заеднички албум „18“, се многу слични на оние од песната „Hobo Ben“ на Слим Вилсон, макро, разбојник и убиец од 1960-тите.

Поемата „Hobo Ben“ се наоѓа во книгата „Get Your Ass in the Water and Swim Like Me“ објавена во 1974 година и уредена од фолклористот Брус Џексон.

Наводно, стиховите од „Hobo Ben“ како „I’m raggedy, I know, but I have no stink“; „God bless the lady that’ll buy me a drink“ и „What that funky motherfucker really needs, child, is a bath“ се дел од песната „Sad Motherfuckin’ Parade“.

Авторот на колекцијата Брус Џексон ја коментираше ситуацијата

„Единствените два стихови кои ги напишале Деп и Бек се „Big time motherfucker“ и „Bust it down to my level“, вели Џексон. „Сè друго е од изведбата на Слим во мојата книга. Никогаш не сум сретнал нешто слично. Објавувам работи 50 години, а ова е првпат некој да украде нешто и да го стави своето име“, тврди Џексон.

Синот на Џексон, Мајкл Ли, адвокат кој е специјализиран за музика и прашања поврзани со интелектуална сопственост, тврди дека не станува збор за „обична случајност“.

„Едноставно не е убедливо, барем според мене, дека Џони Деп или кој било друг седнал и ги смислил овие стихови без да ги земе речиси целосно од некоја верзија на снимката на татко ми или од книгата“, тврди Ли.

Никој од ѕвездите ниту луѓето поврзани со албумот сè уште не ја коментирал оваа нова контроверзност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Евертон и Челси играа дури 110 минути, Жоржињо го реши натпреварот

Следно

МААЕ: Итно да се запрат воените операции кај нуклеарната централа во Запорожје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian