Моќен старт на Тотенхем во новата сезона, Лидс со пресврт до победа над Вулверхемптон

1 min read

Фудбалерите на Тотенхем славеа на отворањето на новата сезона во Премиер лигата со убедливи 4:1 против Саутемптон иако гостите први постигнаа гол.

Саутемптон поведе со голот на Ворд-Праус во 12 минута, но домашните фудбалери до крајот на првиот дел успеаја да направат пресврт. Прво Сесењон во 21 минута погоди по асистенцијата на Кулушевски, а десет минути подоцна Даер му носи предност на Тотенхем од 2:1.

Во второто полувреме, Тотенхем доминираше на теренот и таквата игра ја круниса со уште два гола, Салису во 61 минута си ја погоди сопствената мрежа, а Кулушевски во 63 минута го постави конечниот резултат.

Победа со пресврт оствари и Лидс во дуелот со Вулверхемптон и тоа со 2:1. Гостите поведоа уште во шестата минута преку Проденсе, а Родриго во 24 минута го израмни резултати.

Во продолжение од натпреварот и двете екипи имаа свои шанси за да дојдат до триумф, но тоа му појде од рака на Лидс кој по акцијата во 74 минута кога Патрик Бамфорд ја избегна офсајд замката му асистираше на Аронсон кој немаше проблеми да погоди за триумф на неговиот тим.

Сигурен триумф оствари и Њукасл иако до победата дојде со головите во второто полувреме и тоа  на Шар во 58 минута и на Вилсон 20 минути подоцна.

Резултати:
Фулам – Ливерпул 2:2
Борнмут – Астон Вила 2:0
Лидс – Вумверхемптон 2:1
Њукасл – Нотингем Форест 2:0
Тотенхем – Саутемптон 4:1

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Викторија Бекам не ја поднесува сопругата на нејзиниот син Бруклин?

Следно

„Во добро и во зло“: Пресвртни точки во бракот кои можат да го зајакнат или уништат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian