Ливерпул се спаси од пораз против Фулам на стартот од Премиер лигата

2 mins read

Фудбалерите на Ливерпул кои се сметаат за главни конкуренти на Манчестер сити во битката за титулата во Премиер лигата, сезоната ја започнаа со реми на гостувањето кај Фулам. По 90 минути игра Фулам и Ливепрул ги поделија бодовите играјќи 2:2.

Иако пред почетокот на сезоната, англиските медиуми го сметаа Фулам за фаворит за испаѓање, домашните фудбалери подобро го отворија натпреварот, беа поагресивни и подинамични на двата дела од теренот и буквално го запреа средниот ред на Ливерпул. Првата шанса ја имаше стрелецот на двата гола за Фулам, Александар Митровиќ кој уште во првата минута пресече една топка и од 15-тина метри шутираше покрај голот на Алисон.

Играчите на Фулам продолжија со нападите и таквата игра им вроди со плод во 32 минута кога Митровиќ беше највисок во скокот по нафрлањето на Тете и со прецизен удар со глава го совлада Алисон.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп на стартот од вториот дел беше приморан да менува и во игра ги внесе Дарвин Нуњез и Харви Елиот на местото на Фирмињо и Тијаго.

Токму најскапото летно засилување, Нуњез во 63 минута го израмни резултатот по асистенцијата на Салах.

Но, Фулам повторно дојде во предност преку одличниот Митровиќ кој во 70 минута прво успеа да изнуди пенал кој потоа го реализираше за 2:1.

Ливерпул од пораз го спаси Мохамед Салах кој во 80 минута постигна гол за 2:2, а „црвените“ во судиското продолжение имаа шанса да направат пресврт, но шутот на Хендерсон заврши во пречката на Родак.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вооружен напад врз косовската полиција на границата со Србија

Следно

Џенифер Гарнер советува како да гледаме на разводот кога бракот е на „климави нозе“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian