Изгаснати два пожара во Македонска Каменица

1 min read

Изгаснати се пожарите кои утрово избувнаа во близина на градската депонија и ХЕЦ „Калиманци” во Македонска Каменица. Во гаснењето на терен учествуваа екипи на Територијалната противпожарна единица и доброволното противпожарно друштво „Саси” од Македонска Каменица од каде информираат дека интевенирано е на два пожара кои се појавиле на таа локација.

-Комбиниран тим од ТППЕ Македонска Каменица и ДПД „Саси” денеска интервенираа на два пожара, еден во близина на хидроцентрала Калиманци и вториот во непосредна близина на градската депонија. Пожарите се локализирани, а тимовите се  уште се на терен и работат на спречување на повторно палење, информираа од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.

Упатија апел до граѓаните да се однесуваат одговорно и веднаш да пријавуваат несовесно однесување во природа.

-Ова е период кога пожарите се чести поради што апелираме на совесност на граѓаните и навремено пријавување на секоја појава на огнена стихија, додадоа од ТППЕ Македонска Каменица.

Како што дополнија, пожарите се меѓу ретките кои годинава се регистрирани на подрачјето на Општина Македонска Каменица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џенифер Гарнер советува како да гледаме на разводот кога бракот е на „климави нозе“

Следно

Турција остро ги осуди нападите на Израел врз Појасот Газа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian