Евертон и Челси играа дури 110 минути, Жоржињо го реши натпреварот

1 min read

Фудбалерите на Челси славеа со минимални 0:1 на гостувањето кај Евертон во натпревар кој наместо 90 траеше 110 минути поради повредите на играчите на двете екипи.

Првото полувреме го одбележи подобрата игра на Челси и повредата на дефанзивецот на Евертон, Бен Годфри кој уште во 18 минута мораше да излезе од игра.

Судијата Поусон го продолжи првото полувреме за цели осум минути и токму во последните секунди Жоржињо го постигна единствениот гол на натпреварот. Чилвел во шеснаесетникот на Евертон беше фаулиран од Дукуре по што судијата Поусон покажа на белата точка, а Жоржињо беше сигурен реализатор.

Во второто полувреме падна ритамот на игра и овој дел од средбата го одбележаа поредите. Прво во 70 минута Јери Мина мораше да го напушти теренот поради повреда, а пет минути подоцна Калиду Кулибали се повреди на спротивната страна. Поради повредите, Поусон второто полувреме го продолжи за цели 10 минути, но ниту Евертон ниту Челси не успеаја да постигнат гол.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Со изградбата на Кинескиот ѕид е поврзана една од најтажните љубовни легенди

Следно

Џони Деп и Џеф Бек во новата песна користеле стихови што ги украле од поранешен осуденик?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian