Дуа Липа стана почесен амбасадор на Косово

1 min read

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во петокот ѝ  ја врачи титулата „почесен амбасадор на Косово“ на светски познатата пејачка Дуа Липа.

По тој повод Османи „во име на сите граѓани на Косово ѝ се заблагодари на Липа за сè што направила гласот на Косово да се слушне низ целиот свет“, се наведува во нејзината објава на Фејсбук.

Османи додала дека Дуа Липа го користи својот глас и талент, не само за да му понуди на светот песни кои оставаат трага, туку, како што навела, „ да ја претстави најдобрата слика за Косово секаде во светот“.

Инаку, пејачката која долги години живее во Британија, секогаш ја истакнува силната врска со Косово.

Дуа Липа пред три месеци за магазинот „Вог даде големо интервју во кое, меѓу другото, се осврна и на своето косовско потекло.

Од Косово, како што вели Дуа Липа, со семејството се преселила кога имала 11 години. Преку ноќ, како што рекла за „Вог“, „од девојка Албанка која сака да ја викаат „Амбер“ за да звучи повеќе англиски, таа стана англиска девојка која зборува албански со нагласок.

 

Дуа Липа на насловната на „Vogue“ ја истакна силната врска со Косово: Веруваа во мене кога никој друг не веруваше

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Започнува битката за титулата во Првата лига, Шкупи и Шкендија главни фаворити

Следно

Планинарот Зоран Николов се искачи на планинскиот венец Памир на Западните Хималаи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian