Берлинското дерби за Унион, убедлив триумф на Фрајбург

1 min read

Фудбалерите на Унион Берлин славеа со 3:1 во градското дерби против Херта во првото коло од Бундеслигата. Ова воедно е четврта победа по ред за Унион во Бундеслигата над градскиот ривал.

Најзаслужен за триумфот на Унион беше Шерладо Бекер кој прво во 31 минута му асистираше на Сибаче за 1:0, а потоа во 50 минута и самиот се запиша во листата на стрелци. Четири минути подоцна, Робин Кнохе зголеми на 3:0, а почесниот гол за Хета го постигна Лукабеки.

 

Убедлив триумф од 0:4 оствари Фрајбург и тоа на гости против Аугсбург. На стартот од второто полувреме, Грегорич во 46 минута го отвори резултатот, а две минути подоцна Грифо ја зголеми предноста. Гинтер во 61 минута постигна гол за 0:3, додека Доан во финишот стави точка на натпреварот.

Победнички старт имаше и Борусија Менхенгладбах иако прва прими гол. Борусија со 3:1 го совлада Хофенхајм, а резултатот го отворија гостите со голот на Сков во 25 минута. Во финишот на првиот дел, Бенсебаини го израмни резултатот, за во второто полувреме Борусија со головите на Тирам во 71 и на Елведи во 78 минута да дојде до победата.

Резултати:
Аугсбург – Фрајбург 0:4
Борусија М. – Хофенхајм 3:1
Бохум – Мајнц 1:2
Унион Берлин – Херта 3:1
Волфсбург – Вердер 2:2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Убиен маж без знаци за живот пронајден во возило во Скопје

Следно

Викторија Бекам не ја поднесува сопругата на нејзиниот син Бруклин?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian