Барселона и Челси цело лето „војуваа“ за фудбалери, а сега подготвуваат спектакуларна размена

1 min read

Барселона во летниот преоден рок му ги украде договорените трансфери на Рафиња и Жил Кунде на Челси, Роберт Левандовски ја одби богата понуда на „сините“ поради шпанскиот тим, а сега овие две екипи се во преговори за можна размена на фудбалери.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Челси на Барселона и понудил 70 милиони евра и Маркос Алонсо за Френки де Јонг.

Челниците на Барселона за Де Јонг бараат 80 милиони евра, додека Челси го проценува Маркос Алонсо на 10 милиони евра, поради што „Спорт“ пишува дека голема е веројатноста размената за играчи да се реализира да крајот на летниот преоден рок.

Каталонскиот тим сака да се ослободи од Де Јонг бидејќи има најголема плата во Барселона (12 милиони евра нето), а фудбалерот не сака да чуе за намалување на платата и исто така не сака да си замине се додека клубот не му исплати 17 милиони евра колку што должи за претходните две сезони.

Од друга страна, Челси сака летово да се ослободи од Алонсо бидејќи на Шпанецот договорот му истекува идното лето и досега ги одби сите понуди за продолжување на соработката. „Сините“ веќе му донесоа замена на Алонсо, тоа е Марк Кукуреља кој дојде од Брајтон за 60 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија во Хрватска: Во страотна автобуска несреќа настрадаа 11 лица

Следно

Се чувствувате исцрпено на почетокот на неделата? Магнезиумот и витаминот Б може да помогнат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian