ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Пораст на температурите, од недела невреме

1 min read

 Многу топло време со пораст на дневните температури ќе се задржи денеска и во сабота. Утринските температури денеска ќе се движат од 11 до 20 степени, а дневните од 28 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од недела во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени, информираат од УХМР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 5 август: Одржувајте емоционална дискреција

Следно

Италијанската Влада ја одобри реформата на бавниот правосуден систем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian