ВИДЕО: Шумски пожар во западниот дел на областа Атика

1 min read

Во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во близина на автопатот кон Пелопонез, претпладнево избувна пожар, а еден од авионите на противпожарната служба што интервенираше во гаснењето, принудно слета во море, додека двајцата патници навремено се спасиле.

Преку бројот 112 за итни случаи, беше испратена порака до жителите на едно село, превентивно да се евакуираат, а затворен е и автопатот кон Коринт.

Во пожарот интервенираат 55 пожарникари со три пешадиски тима, 15 возила, два авиони и еден хеликоптер за координација, а еден од авионите веројатно од типот „Air tractor”, од засега непознати причини, принудно слетал во морето.

Според крајбрежната служба на Грција, двете лица кои биле во авионот се спасиле и се во добра здравствена состојба и веднаш, со помош на приватен чамец биле пренесени на копно.

Пожарот е на околу 30 километри северозападно од центарот на Атина во близина на патарината на излезот од Атика кон Пелопонез.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тешка сообраќајка помеѓу три автомобили во Скопје, едниот возач избегал

Следно

Барди одби да игра за тимот на Руни во американската МЛС лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian