ВИДЕО: Одличен старт на Арсенал во Премиер лигата, „топчиите“ го совладаа Кристал палас

1 min read

Фудбалерите на Арсенал имаа одличен старт на првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата, откако како гости го победија Кристал палас со конечен резултат 0:2 во „Селхурст парк“ во Лондон.

„Топчиите“ ги освоија првите три бода, а нивниот менаџерот Микел Артета секако може да биде презадоволен.

Украинецот Зинченко, иако најнизок во тимот, со глава ја врати топката до Мартинели, кој феноменално реагираше во шеснаесетникот и во 20 минута со глава ја затресе мрежата за големо славје на „топчиите“ во предградието на Лондон.

Победникот беше решен на пет минути пред крајот на натпреварот, кога Гуехи си постигна автогол.

Во следното коло Арсенал ќе го пречека составот на Лестер, додека Ливерпул на „Енфилд“ е домаќин на Кристал Палас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина тврди дека руски сили оштетиле нуклеарна централа, но нема истекување радијација

Следно

27 милиони прегледи: Куче ја гледа својата сопственичка по три месеци, неговата реакција е бесценета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian