ВИДЕО | Лејди Гага „образ до образ“ со Хоакин Феникс во „Џокер 2“: Пејачката ги потврди гласините

1 min read

Американската поп – пејачка и актерка Лејди Гага ги потврди гласините дека ќе биде дел од актерката екипа на продолжение тоа „Џокер“ рамо до рамо или поточно, образ до образ со Хоакин Феникс.

Психолошкиот трилер на Тод Филипс достигна неверојатен успех во 2019 година по што стана еден од најпрофитабилните и најбрзо растечките R-rated филмови на сите времиња, надминувајќи ги претходните рекордери „Deadpool 2“ и „It“. Режисерот сподели и краток тизер на кој покрај силуетата на Хоакин како Џокер, се појавува и препознатливата силуета на Гага.

Магазинот „Variety“ објави дека новиот филм ќе биде мјузикл, а гласините дека Лејди Гага ќе се појави во продолжението како Харли Квин ги потврди и самата пејачка на својот Твитер профил објавувајќи краток тизер од филмот.

Музичкиот клип прикажува силуети кои танцуваат заедно на звуците на песната „Cheek to Cheek“, која ја напиша Ирвинг Берлин во 1935 година за филмот „Top Hat“ на Фред Астер и Џинџер Роџерс. Имињата Феникс и Гага се дел од најавниот тизер.

Хоакин Феникс повторно во улога на Џокер: Објавен датумот на премиерата на психолошкиот трилер

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денеска официјално стартува Премиер лигата, фудбалското лето може да започне

Следно

„Македонски синдром“: Што напиша ЦИА за Бугарија во таен извештај од 1971 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian