ВИДЕО+ФОТО | Ирина Шајк објави жешка снимка и покажа извајано тело

1 min read

Светскиот топ-модел Ирина Шајк овие денови ги поминува на јахта на Ибица, Шпанија.

Покрај фотографиите што осамнаа во светските магазини, Ирина самата објави на својот инстаграм-профил видео кој направи метеж меѓу нејзините следбеници.

Ирина објави жешко видео од базен, со што температурата уште повеќе ја подигна, а обожавателите беа маѓепсани да ги видат нејзините совршени движења на телото.

За момент многумина помислија дека Ирина изгледа како сирена во розов костим за капење.

На видеото јасно се гледа дека Ирина нема ни трошка шминка, па уште еднаш докажа зошто е една од најубавите жени на светот.

Ова видео на Инстаграм брзо стана популарно бидејќи за само еден ден е прегледано околу половина милион пати, а коментарите постојано доаѓаат.

„Ме убиваш со таа убавина“, „Ти си прекрасна, Ирина“, „Леле, вистинска, чиста убавина, нерасипана со операција“, „Совршенство“, „Боже мој, каква убава жена – таа е зачудувачка“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

Ирина беше во долгогодишна врска со славниот актер Бредли Купер, со кој ја има ќерката Леа де Сена, која ја добија на почетокот на 2017 година.

Ирина Шајк: Како сиромашната девојка од Русија стана една од најбараните модели на денешницата

ФОТО | Рускиот модел Ирина Шајк ја поддржа Украина: Како воопшто спиете додека се случува ова?

Бредли Купер проговори за појавувањето на Ирина Шајк на неговата премиера: Дали ова значи дека се повторно заедно?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новак останува недопирлив: Еве што значи откажувањето на Рафа од Монтреал за Ѓоковиќ

Следно

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian