ВИДЕО | Елизабет Харли смета дека е престара да парадира во бикини на јавна плажа: Фановите не се согласуваат

2 mins read

Познатата англиска актерка и модел која привлекува внимание каде и да се појави. Елизабет Харли (57) неодамна ја воодушеви публиката со кратко видео на кое позира во сино бикини со златни детали, еден од поновите модели од својата линија на костими за капење. Поранешниот модел без многу наметнување одлично ја рекламира својата линија која е составена од прекрасни летни наметки за на плажа, исклучиво женска линија на костими за капење за возрасни и  деца како и многу други додатоци.

Очекувано следеа бројни коментари од фановите на актерката:

„Божица во сино“, „Гориш“, „Најубава“ – беа само дел од комплиментите упатени кон Харли од нејзните следбеници.

Актерката во една прилика истакна дека позира само во бикини за да ги рекламира, а смета дека е „веќе престара за да парадира во бикини на јавна плажа“. Покрај тоа, таа на подкастот на the My Wardrobe Malfunction“ изјавила дека „искрено се надева дека нема да го прави ова кога ќе влезе во седмата деценија“,иако нејзините фанови сметаат дека изгледа спектакуларно во бикини и дека нема причина „да се крие“ во едноделни костими за капење.

Да потсетиме дека методите што ги користи Елизабет за одржување на телото и духот се многу едноставни. Имено, атрактивната бринета не може да замисли оброци без свежо овошје и зеленчук:

„Половина од секој оброк мора да се состои од овошје или зеленчук. На пример, ако појадувам сендвич, дефинитивно ќе јадам јаболко. Не јадам слатки , ретко пијам алкохолни пијалоци, а потоа во помали количини и одамна не јадев преработена храна“, изјавила актерката и поранешен модле во една прилика.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еден Македонец во Бундеслигата – може ли некој да ја запре доминацијата на Баерн?

Следно

Едно починато лице и 739 нови случаи на ковид-19

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian