Украина тврди дека руски сили оштетиле нуклеарна централа, но нема истекување радијација

1 min read

Украинската нуклеарна агенција соопшти дека руски проектили оштетиле дел од големата нуклеарна централа што сега е под руска контрола, но дека нема истекување радијација.

Во соопштение се наведува дека еден блок и високонапонскиот далновод се оштетени во нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, лоцирана на југот на Украина, јави Би-Би-Си. Локалните претставници назначени од Русија ја обвинија Украина за гранатирањето.

Украина, исто така, ги обвинува руските сили дека истрелуваат ракети врз цивилни области од локацијата.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово

Следно

ВИДЕО: Одличен старт на Арсенал во Премиер лигата, „топчиите“ го совладаа Кристал палас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian