Судот го штити сторителот, а не жртвата: Итна заштита на Елена Јовицоска од Гостивар од екс партнерот – полицаец и насилник

6 mins read

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и граѓанските организации членки на Платформата за родова еднаквост остро реагираат на непостапувањето од страна на надлежните институции во однос на лицата кои се соочуваат и справуваат со семејно насилство.

-Станува збор за Елена Јовицоска од Гостивар, на возраст од 27 години, мајка на едно малолетно дете, која 5 (пет) години се соочуваа и трпи семејно насилство од страна на нејзиниот поранешен партнер и покрај тоа што уредно го пријавува во надлежните институции. Против сторителот, кој воедно е полициски службеник има 6 (шест) активни кривични постапки, меѓутоа патот до правдата за Елена Јовицоска е неуспешен, поради свесната одлучноста на судот да го заштити сторителот, а не жртвата која секојдневно живее под стрес и страв за сопствениот живот. Освен Елена, физичко насилство трпи и нејзиното семејство, особено нејзиниот постар татко, меѓутоа ова за судот во Гостивар очигледно воопшто не е релевантно. Иако против сторителот се покренати судски постапки, за истите се добиваат ниски казни кои се несоодветни за кривичните дела кои ги извршува. Па така казните се сведуваат на неколку месеци затвор, што се потврдува фактот дека судот го штити сторителот на насилството, а не жртвата. Важно е да се напомене тука дека истите пресуди постојано се укинуваат од страна на Апелациониот суд Гостивар и со тоа сторителот останува не казнуван при што е придонес за секундарна виктимизација за лицата кои пријавуваат семејно насилство, реагираат овие граѓански организации.

Според нив, ваквите апсурдни пресуди со кои се штитат сторители на семејно насилство, ја зголемува недовербата во институциите и придонесува лицата кои трпат семејно насилство, да не го пријавуваат во надлежните институции. Освен тоа, во конкретниот случај, сторителот е полициски службеник што го крева рангот на сериозност, кога во МВР се вработени лица кои наместо да ги штитат граѓаните, истите се сторители на кривични дела.

-Како потврда на ова е и видео снимката направена од безбедносните камери внатре во просториите на судот, а објавена на социјалните мрежи. Од оваа снимка, јасно се гледа физички напад од страна на сторителот-полициски службеник и неговиот татко исто така полициски службеник, како и од мајката на сторителите, спрема Елена и нејзиниот татко. За овој конкретен напад, Елена и нејзиниот татко се здобиле со тешки повреди, но сторителот добива само 4 (четири) месеци затвор, додека таткото на сторителот добил само условна казна. Од самата снимка, исто така јасно се гледа дека ниту судската полиција не дошла да ги заштити Елена и нејзиниот татко, иако има физички напад во јавна институција со која е и нарушен редот и мирот, реагираат граѓанските организации.

Според нив во 2017 година, сторителот и упатувал директни закани по живот на Елена и на нејзиното семејство со опасно орудие, за кое постои аудио снимка, но судот во неговата одлука смета дека аудио снимката со закани со опасно орудие не може да биде доказ во постапката и образложено тврди дека обвинетиот како полицаец знаел како да ракува со пиштол и можел да го контролира неговото дејство, како и дека не е утврдено во кој правец бил испукан куршумот.

-Сакаме да му напоменеме на судот дека согласно чл.80 од Законот за полиција, употребата на средства за присилба е само кога полициските работи не може на друг начин да бидат извршени. Со ова, во ниту еден закон не е дозволено употреба на оружје со цел упатување и заканување по живот на граѓаните. Или поконкретно кажано, ако на полициски службеник му е доделено овластување за користење на оружје, истото не може да си го користи за извршување на семејно насилство. Напротив при извршување на семејно насилство, оружјето е потребно да биде веднаш времено одземено и полицискиот службеник да биде упатен на задолжителен психијатриски и психолошки преглед односно советување со психолог, согласно чл.31 ст.2 и чл.31-а ст.1. Дали на судот не му се важни заканите по живот? Дали судот е известен дека е тоа уставно начело кренато на највисок ранг?!, прашуваат од Националната мрежа за заштита на жените од семејно насилство.

Оттаму сметаат дека во овој конкретен случај во целост се исполнети законските обележја на кривични дела тешка телесна повреда извршена при семејно насилство согласно чл.131 од КЗ и загрозување на сигурноста согласно чл. 144 од КЗ.

-Со оглед на фактот што овие кривични дела се вршат при семејно насилство, а и самиот сторител е повратник кој повеќекратно ги извршува овие кривични дела, апелираме Апелациониот суд Гостивар да ги вреднува како облигаторни отежнувачки околности при одмерување на казната, бидејќи само на тој начин ќе може судот да тргне од правилна појдовна основа во процесот на финално одмерување на казната. Согласно горенаведеното, бараме Апелациониот суд во Гостивар сериозно да го земе во предвид овој случај и пред се да се држи до принципот на должно внимание согласно Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство и Истанбулската конвенција и со тоа да донесе пресуда со која ќе го осуди на најстрога казна сторителот-полициски службеник, децидни се граѓанските организации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Физичар за фотографија од колбас напиша дека е ѕвезда до Сонцето, па мораше се извини

Следно

Кина ја прекинува соработката со САД во повеќе области

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian