Селена Гомез воодушеви со видео од одморот во Италија: Ме правиш да се чувствувам добро во своја кожа

1 min read

Селена Гомез на „ТикТок“ објави кратко видео во коe ужива во едноделен костим за капење. Пејачката и актерка носи костим за капење од брендот „La’Mariette“, а косата ѝ е врзана во опавче.

Во позадина се слуша снимка од жена која вели дека никогаш не си го вовлекува стомакот, а Селена прави синхронизација на снимката со движење на усните како да ги кажува тие зборови.

Луѓето во коментарите беа воодушевени од видеото. Еден корисник напиша дека никогаш не ги следи познатите личности на „ТикТок“ бидејќи не сака да си го „расипе“ својот алгоритам, но додаде дека Селена Гомез е „единствениот исклучок“.

„Ти ме правиш да се чувствувам добро во своја кожа“, „Таа е икона, таа е легенда“, „Кралица на енергијата“, „Селена, да бидам искрен, ти си веројатно најдобар пример“, се некои од другите коментари.

@selenagomezVaca self

♬ original sound – unwinewithtashak

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Марк Кукуреља официјално за 60 милиони фунти во Челси

Следно

Ескобар: Северномакедонците се Европејци, а Северна Македонија е дел од Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian