„Се двоумев дали да постирам фотографии од мене ова лето“: Mилена Антовска незадоволна од својот изглед

2 mins read

Пред седум месеци, на големиот христијански празникот Св. Василиј, нашата позната водителка и инфлуенсерка Милена Антовска Станковска по втор пат стана мајка. Ова е второ дете на водителката, а воедно и втора ќерка, која доаѓа четири години по раѓањето на нејзиното прво дете. Интересен е фактот дека и нејзината прва ќерка, Лана Марија, исто така е родена на празничен ден – Голема Богородица, што воедно ги навело и тогаш новите родители да го додадат името Марија на веќе избраното име Лана.

По бременоста со помалата ќерка Јоана и породувањето со царски рез како и повеќето родилки така и Милена се соочила со најчестиот проблем – Како повторно да ја врати својата препознатлива линија и совршено обликувано тело?

На оваа тема со искрен коментар и прекрасни фотографии на кои позира во дводелен костим за капење водителката се огласи на социјалните мрежи:

„Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку. Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме фотографира. Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите“, напиша Милена во описот на објавата.

„Прекрасна мама и права дама“, „Супер си“, „Секогаш свежа, позитивна и насмеана само напред“, „Супер изгледаш“ – беа само дел од бројните коментари на следбениците на Милена за нејзниот изглед.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорот на службата за разузнавање на Грција и генералниот секретар на грчката Влада поднесоа оставки

Следно

Земјите-членки на ЕУ евакуираа 1.000 пациенти од Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian