Пожар во околината на Прешево, горат 50 хектари борова шума

1 min read

Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територија на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна во попладневните часови. Горат 50 хектари борова шума.

Како што јави РТС Врање, гори борова шума кај селото Црнотинце и сува трева на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце.

Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа информира дека пожарот е во непосредна близина на автопатот меѓу стариот пат Бујановац – Прешево и дека се уште гори во близина на населените куќи.

Пожарникарите од Прешево се на терен, но се чека хеликоптер да интервенира од воздух.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

27 милиони прегледи: Куче ја гледа својата сопственичка по три месеци, неговата реакција е бесценета

Следно

Дневен хороскоп за 6 август: Контролирајте ја вашата суета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian