Новак останува недопирлив: Еве што значи откажувањето на Рафа од Монтреал за Ѓоковиќ

1 min read

Само еден ден откако беше потврдено дека Новак Ѓоковиќ нема да учествува на турнирот во Монтреал, од истиот се повлече и Рафаел Надал.

И додека за Србинот беше очекувано од познати причини, многумина беа изненадени од одлуката на Рафа.

Шпанецот дека почувствувал непријатност по последниот тренинг и затоа решил да не игра во Монтреал. Повторно, здравствени проблеми го зафатија Надал, кој ги загрижи сите навивачи, бидејќи сега под голем знак прашалник е и неговото учество на „УС Опен“. Надал од „Вимблдон“ се мачи со повреда на стомачниот мускул, а болката ја чувствува и при сервирањето.

Ова откажување на Надал од Монтреал е добра вест за Ѓоковиќ. Рафа имаше можност да ја намали разликата со Ѓоковиќ кога се во прашање мастерс титулите, но повредата му остави без шанси да стигне до 37 трофеј на турнирите од категоријата 1.000.

Ѓоковиќ има две повеќе од Надал (38 титули) и е рекордер по тој параметар. Останува да видиме дали ќе ги гледаме двајцата тенисери на грен слем турнирот „УС Опен“, кој започнува на 29 август.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Андрулакис бара да се истражи политичка одговорност во случајот со прислушкувањата

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Ирина Шајк објави жешка снимка и покажа извајано тело

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian