Македонските јуниорки забележаа уште еден пораз на Европското првенство

1 min read

Женската јуниорска репрезентација на Македонија на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во оваа возрасна категорија, во натпреварот за пласман од 9 до 18 место на турнирот во Софија (Бугарија), загуби од Украина убедливо со 91:47.

Украина беше далеку подобар противник во овој меч по кој нашата селекција „Под 18“ години ќе продолжи со обидите да дојде до првата победа во оваа конкуренција.

Уште во првото полувреме противникот обезбеди висока предност. По првиот период беше 28:15, а веќе на полуврeмето, девојките во „сино-жолта“ комбинација имаа уште повисоки 51:26.

Ништо не се промени ниту по оние 15 минути предвидени за одмор и за совети. Подобриот ривал изгради уште повисока разлика, по три периоди имаше „плус 35“ предност (73:38).

Михаела Алексовска со 21 кош (шут од поле 7/15, и 7/10 од линијата за слободни фрлања), дополнети со седум скока, беше нашата единствена кошаркарка која беше „двоцифрена“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Над 95 илјади граѓани се откажале од државјанството на БиХ

Следно

Еден Македонец во Бундеслигата – може ли некој да ја запре доминацијата на Баерн?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian