Кошаркарите ќе ги стартуваат претквалификациите за ЕП во Нествед на 25 август

1 min read

Селекцијата на Данска ќе нè пречека во Арената „Нествед“ која се наоѓа на околу 70 километри од главниот град – Копенхаген. Првиот натпревар од вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година македонската машка сениорска репрезентација ќе го одигра на 25.август во градот Нествед.

Домаќинот на оваа средба, националната федерација на Данска одреди првиот меч од нашата квалификациска група да се игра во овој град кој е 70 километри одалечен од Копенхаген.

Арена „Нествед“ е со капацитет од околу 3.000 места, а во неа, Данците ги играа и дуелите против Норвешка и Косово во првата претквалификациска фаза за Европското првенство.

Инаку, веќе се пуштени во продажба и билетите за овој натпревар. Цената на влезните билети за овој меч се движат од 780 до 1.400 денари (95 до 170 дански круни).

Во групата „Д“ покрај Македонија и Данска ќе играат и репрезентациите на Словачка и Норвешка.

Новиот селектор Александар Јончевски излезе со поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета во рамките на првиот „прозорец“ од втората рунда на претквалификациите за следното ЕП.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведен 50-годишен скопјанец баран по централна потерница

Следно

Кевин Спејси мора да плати отштета од 31 милион долари на продуцентите на „House of Cards“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian