Италијанската Влада ја одобри реформата на бавниот правосуден систем

1 min read

Италијанската Влада во заминување синоќа ја одобри Уредбата за реформи на бавниот правосуден систем.

Доцнењата во судските спорови се сметаат за причина за одвраќање од странски инвестиции во земјата, поткопување на правниот систем и голема пречка во растот на третата најголема економија на еврозоната.

Европската комисија дел од доделените 200 милијарди евра за закрепнување од италијанската економија од пандемијата ги услови со намалување на должината на судењата, и тоа за 25 отсто во текот на пет години во кривичните и за 40 отсто во граѓанските случаи.

Контроверзната реформа на премиерот Марио Драги дури предлага откажување судски процеси доколку истите го надминат предвиденото времетраење.

Критичарите забележуваат дека тоа ќе им овозможи на илјадници криминалци да ја избегнат правдата, но министерката за правда Марта Картабија истакнува дека реформата предвидува ангажирање на 15 илјади службеници за да се олесни работата на судиите и да се поедностават некои процедури.

Картабија изјави дека реформата предвидува и процедури што ќе поттикнат постигнување спогодба преку признавање вина, за да се избегне судска разврска на многу предмети.

kurir.mk

Претходно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Пораст на температурите, од недела невреме

Следно

Откриено кој додаток во исхраната може да го намали ризикот од наследен облик на рак за дури 60 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian