ФОТО | Необично: Сјај за усни со вкус на сос за пилешки крилца

1 min read

Доколку сте љубител на зачинети пилешки крилца, но сакате и да изгледате убаво и негувано, тогаш можеби вие сте вистинската личност за оваа необична понуда – сјај за усни со вкус на сос за пилешки крилца.

Американскиот ланец на ресторани „Applebee“, во соработка со козметичката куќа „Winky Lux“, создадоа сјај за усни наречен „Saucy Gloss“, инспириран од сосовите од пилешки крилца по кои е познат овој гастрономски бренд. Интересно е што покрај мирисот, овој козметички производ има и многу богат вкус.

Имено, може да одберете од понудените четири бои од овој сјај, а заедно со тоа и еден од четирите вкусови. Од четирите понудени нијанси на сјај, едната има вкус на пикантен сос, втората содржи малку мед, третата е сос за скара, а четвртата е прилично зачинета.

Кој од понудените вкусови или нијанси на сјај е вашиот избор?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Спасовски: Обвинувањата меѓу Рускоска и Муареми штетно влијаат врз довербата во институциите

Следно

МНР: Бугарскиот конзул немал право да присуствува на увидот на Комисијата за спречување дискриминација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian