ФОТО | Физичар за фотографија од колбас напиша дека е ѕвезда до Сонцето, па мораше се извини

2 mins read

Францускиот физичар Етјен Клајн се извини откако призна дека фотографијата од ѕвездата Proxima Centauri, која ја објави на својот Твитер пред неколку дена е, всушност, фотографија од парче колбас.

„Фотографија на Proxima Centauri, најблиската ѕвезда до Сонцето, која од нас е оддалечена 4,2 светлосни години“, напиша тогаш Клајн заедно со фотографија од ѕвезда, односно колбас. Тој додаде дека фотографијата е направена од телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА, а го пофали и нивото на детали што може да се видат.

„Ден по ден се открива нов свет“, заклучил физичарот.

Луѓето на Твитер главно сфатија дека во прашање е шега, но шегата не им се допадна на сите.

„Со оглед на тоа што сте научник и истражувач и знаете колку брзо се шират лажните информации, несоодветно е да споделувате вакви работи без веднаш да посочите дека се лажни“, напишал еден корисник.

Поттикнат од коментарите и прозивките, Клајн се извини.

„Со оглед на некои од коментарите, се чувствувам должен да објаснам дека твитот кој прикажува наводна слика на Proxima Centauri беше форма на забава. Да научиме да бидеме претпазливи кон аргументите на авторитетот, како и кон спонтаната елоквентност на одредени слики “, напиша физичарот.

Со шеговит тон додал дека, според современата космологија, ниту една работа што постои во месарниците не постои никаде освен на Земјата.

Фасцинантна глетка: Телескопот Џејмс Веб со нова детална слика од исклучително необична галаксија

Прва слика од вселенскиот телескоп „Веб“: Гледаме можности кои никој претходно не ги видел

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЦСКА Москва поднесе тужба против Евролигата

Следно

Судот го штити сторителот, а не жртвата: Итна заштита на Елена Јовицоска од Гостивар од екс партнерот – полицаец и насилник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian