Директорот на службата за разузнавање на Грција и генералниот секретар на грчката Влада поднесоа оставки

1 min read

Директорот на Националната служба за разузнавање на Грција (ЕИП) Панајотис Кондолеон и генералниот секретар на грчката Влада Григорис Димитриадис денеска ги доставија нивните оставки до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој ги прифати, а опозициските партии оставките ги поврзуваат со случајот со прислушкувањата во земјата.

Директорот на службата за разузнавање Кондолеон, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, поднел оставка поради „погрешните постапки во процесот на легалните следења”, а на негово место доаѓа досегашниот генерален секретар во Министерството за надворешни работи Темистоклис Демирис.

Помалку од еден час пред оставката на Кондолеон, оставка си поднесе и генералниот секретар на Владата Димитриадис, кој е внук на Мицотакис и негов близок соработник, а од кабинетот на грчкиот премиер не ги соопштија причините или деталите за оставката.

Извори од Владата за грчките медиуми објасниле дека оставката е поради „токсичната клима создадена околу името на Димитриадис” и нема никаква врска со софтверот за следење мобилни телефони „Предатор” со кој не се поврзани ниту тој, ниту Владата.

Лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас вели дека оставката на Димитриадис, „по откривањето на скандалот со прислушкувањата е признавање на вина” и „не ја негира одговорноста на самиот премиер, туку напротив ја потврдува”.

-Во некој момент, господинот Мицотакис мора да му даде објаснувања на грчкиот народ, рече Ципрас додавајќи дека е прашање што се однесува на демократијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во американскиот Сенат претставен нацрт-закон за демократија и просперитет на Западен Балкан

Следно

„Се двоумев дали да постирам фотографии од мене ова лето“: Mилена Антовска незадоволна од својот изглед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian