Денес се празнуваат Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив

1 min read

Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставени на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган. Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. А Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија, во 308 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Навреден“: Жена два дена го оставила својот доберман кај сестра си, неговата реакција е хит

Следно

Дневен хороскоп за 5 август: Одржувајте емоционална дискреција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian