ЦСКА Москва поднесе тужба против Евролигата

1 min read

ЦСКА Москва е една од 11 екипи со загарантирани договори во Евролигата, но по руската агресија против Украина, руските клубови беа исфрлени од елитното кошаркарско натпреварување.

Рускиот кошаркарски клуб поднесе тужба против Евролигата поради исфрлање од натпреварувањето во претстојната сезона, пренесува грчката „Газета“.

Раководството на московскиот клуб најави покренување судски спор во март, а сега направија и конкретен чекор.

– Секако дека сме загрижени што не учествуваме во Евролигата, но нема да плачеме. Следната година ја гледам како можност за младите играчи – рече претседателот на клубот, Андреј Ватутин за новинската агенција РИА во јуни.

Потсетување дека ЦСКА осумпати беше шампион на Европа, а последен пат во 2019 година.

Мијаиловиќ потврди: Партизан официјално во Евролигата

ИНТЕРВЈУ, Емил Рајковиќ: Јас ја живеам кошарката, тоа ме направи тренер на ЦСКА Москва

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пронајдена е марихуана кај млад скопјанец

Следно

ФОТО | Физичар за фотографија од колбас напиша дека е ѕвезда до Сонцето, па мораше се извини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian